| четврток, 6 декември 2018 |

Мажите со брада се повеќе склони кон агресија

photo_verybig_1266140

Научниците открија дека мажите со брада почесто се однесуваат сексистички со жените и се со поголема веројатност да тепаат и да крадат, објави „Дејли мејл“.
Индиски и американски научници кои ги спроведоа истражувањата меѓу 500 мажи, од 18 до 72 години, тврдат дека мажите со брада се со поголема веројатност да одобруваат непријателски сексистички изјави, отколку глатко избричените мажи.
Друг сличен експеримент откри дека мажите со бради почесто изневеруваат, крадат и учествуваат во тепачки. Дури 45 отсто од мажите со брада опфатени во истражувањето признале дека се склони кон агресија, во споредба со само 29 отсто од редовно избричените.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top