Од денеска, па во наредните шест дена во киното од Центарот за култура„ Кочо Рацин “во Кичево, ќе има ревија на македонски филмови.
Ќе бидат прикажани македонските филмски класици,„Хајфај“ во режија на Владимир Блажевски,„Три Ани“ на Бранко Бауер, филмовите на Столе Попов „Среќна Нова ’49“ и „Тетовирање“ и „Планината на гневот“ од Љубиша Георгиевски.
Почетокот на претставите е во 19 часот, а цената на билетите само 50 денари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.