| четврток, 6 декември 2018 |

Големи промени на Facebook Messenger кои можеби нема да ви се допаднат

Фејсбук најави нови промени во својата апликација Messenger – ќе им биде овозможено на непознатите луѓе полесно да комуницираат со вас.

Веројатно имате забележано дека вашите пораки можат да се сместат во две различни секции – “Inbox” и “Other”. Проблемот е во тоа што пораките кои ви ги испратиле непознатите луѓе завршуваат во “Other” и јасно е дека и самите знаете дека тие пораки ретко кога ги отворате.

За да се спречи ова, од Фејсбук најавија дека во идните неколку седмици ќе биде овозможено непознатите луѓе да ви испраќаат пораки кои ќе завршуваат во “Inbox”, но и тука ќе постои уште еден филтер. Имено, пораките нема директно да завршуваат во вашиот “Inbox”, туку ќе добиете “Message Request” кој ќе ви го олесни читањето, или пак игнорирањето на таквите пораки.

Понатаму, ќе можете да ја прочитате таа порака, а испраќачот нема да може да види дали сте ја отвориле пораката или не.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top