| четврток, 6 декември 2018 |

Дознајте кои апликации најмногу ја забавуваат работата на вашиот Андроид телефон

AVG направи листа со апликациите кои најмногу ја забавуваат работата и ја трошат батеријата на вашиот Андроид паметен телефон.

Иако се опремени со најмоќниот хардвер и софтвер на пазарот, дури и врвните телефони кои што работат на оперативниот систем Андроид имаат проблеми со перформансите.

Главен виновник, секако се апликациите. Безбедносната компанија AVG објави листа на апликации кои се одговорни за споменатите проблеми на Андроид уредите, а се однесува за второто тромесечие од оваа година.

Апликациите се поделени во две групи – првата група ја сочинуваат апликациите избрани од страна на корисниците, а тука најголем проблем е Snapchat. Оваа апликација за забавувањето на перформансите успеа да ја престигне и апликацијата на Фејсбук, а за ова е заслужно симултаното користење на камерата, Wi-Fi/Cellural податоците и GPS-от.

Големо изненадување претставува Tumblr апликацијата која троши најмногу податоци, повеќе од Netflix и Spotify заедно.

Кога се во прашање апликациите кои автоматски стартуваат или работат во позадина, на прво место е Facebook, а следуваат Google Play Services.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top