Руските воздухопловни сили ги нападнаа позициите на “Исламската држава” во контролираниот од нив Тадмур, кој се наоѓа до остатоците на античкиот сириски град Палмира, соопшти воениот завод во Москва.
“Борбени авиони Су-25 извршија напад во утврдениот реон на џихадистите. Како резултат на директни погодоци беа уништени неколку капацитети, подземни засолништа, а исто така и позиции на анти-авионска артилерија на терористите, во кои биле две летала 3СУ-23. Потврдено е нивно целосно уништување “, потврдија официјални извори.
За последните две деноноќија руската борбена авијација извршила 131 напад во кои се погодени 237 објекти на џихадистите во провинциите Хама, Латакија, Хомс, Дамаск и Алепо.
Во предградието на Алепо бил нанесен удар врз камп за подготовка на пристигнатите борци од странство. Бомбите уништиле магацин со муниција и камп за обука. Во провинцијата Латакија бил пак уништен команден центар, од кој се управува со активностите на борците.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.