| четврток, 6 декември 2018 |

Запознајте се со првата актерка-робот

655-402-robot-zhena-kitaj-aktrisa

Во Јапонија е снимен филм со учество на првата актерка робот, објави  „Дејли мејл“.
Андроид роботот „Геминоид Ф“ ја игра главната улога во филмот „Сајонара“.
Роботот е дело на Хироши Ишигуро од Универзитетот во Осака и чини 776 илјади фунти.
„Геминоид Ф“ е покриена со гумена кожа, која е апсолутна имитација на човечката. Роботот во филмот се вика Лион и цело време е во инвалидска количка.
Таа може да се насмевнува, да ги крева веѓите, да ја движи устата и да пее.
Машината се управува со воздух под притисок и до совршенство ги имитира човековите изрази на лицето.
За време на снимањето на филмот роботот е управуван со далечинско преку компјутер.
Филмот раскажува за смртоносна несреќа во атомска електростаница, откако експлодирал нејзиниот реакторот.
Лион останува верна на својот сопственик и не го напушта, додека остатокот од нацијата се евакуира по нуклеарната катастрофа.
Режисер на филмот е Коџи Фукада. Тој признава дека многу е лесно да се снима филм со актерки-роботи, бидејќи тие не огладнуваат и никогаш не се заморуваат.
Премиерата на „Сајонара“ е на 21 ноември.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top