| четврток, 6 декември 2018 |

Горивата поевтинуваат за денар

­ Цените на бензините и на дизел горивата од ноќеска на полноќ се намалуваат за еден денар по литар, одлучии денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

benzin

Со одлуката се врши намалување на рафинериските и на малопродажните цени на нафтените деривати за 3,46, односно 2,02 отсто.

Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС­95 изнесува 62 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС­98 ќе се продава за 64, ЕУРОДИЗЕЛ (Д­Е V) за 49,5, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ­1) за 38 денари за литар.

Со одлуката на РКЕ за 0,57 денари за килограм се намалува и малопродажната цена на мазутот М­1 НС и сега ќе изнесува 21,313 денари за килограм.

Како причина за намалување на малопродажните цени на нафтените деривати од РКЕ ги посочуваат за 5,83 отсто пониската просечна цена на суровата нафта на светскиот пазар во изминатите 14 дена и за 1,406 отсто повисокиот курс на доларот во однос на денарот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top