| четврток, 6 декември 2018 |

Низ Македонија транзитирале 203.940 емигранти, најбројни се државјаните од Сирија

­ За 24 часа издадени се потврди на вкупно 3.702 странски државјани, од кои 1.919 се од машки пол, 667 се од женски, 661 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 455 деца кои патуваат без родител, на кои е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

мигранти

 

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, соопшти денеска МВР, најбројни се државјаните на Сирија 2.313, од Авганистан 961, Ирак 177, додека другите се во помал број.

Во периодот од 19.06.2015 до 01.11.2015 година до 24 часот, издадени се потврди на вкупно 203.940 странски државјани, од кои, 124.488 се од машки пол, 29.688 се од женски, 39.976 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 9.788 деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија 132.219, потоа Авганистан 41.195, Ирак 15.671, Пакистан 4.327, Иран 3.534, од Палестина 1.739,Сомалија 1.044, Бангладеш 938, Конго 498, Нигерија 258, Камерун 225, Еритреја 212, додека останатите се во помал број. Во периодот од 00.00 до 24.00 часот на 01.11.2015 до Одделението за азил не се поднесени барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил .

Од започнувањето на издавањето на потврдите до 01.11.2015 година до Одделението за азил се поднесени 70 барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда, при што 51 барања се од државјани на Сирија, од нив 15 за деца, потоа пет барања од државјани на Авганистан од нив четири се деца кои го придружуваат родителот, три барања од државјани од Пакистан, по две барања од државјани од Мароко, Либан, Палестина, Алжир и Ирак (четири од барањата се за деца) и едно барање од државјанин на Египет.

Во ЈУ Прифатен центар за баратели на азил во дневниот регистар на баратели на азил за 01.11.2015 година евидентирани се вкупно пет баратели на азил, сите мажи. Дополнително, согласно со член 48 од Законот за азил и привремена заштита, три баратели на азил (малолетно лице со придружба на старател и двајца мажи) се згрижени на друго место за сместување определено од Министерството за труд и социјална политика.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top