Кога ќе влезете во парфимерија и кога ќе застанете пред штандот со лакови, при изборот на боја за себе, вие не бирате само лак кој одговара на вашиот стил, туку го одредувате и вашиот личен печат. Вистина е дека нијансите лак што ги бирате ве опишуваат вас самите, а не сте ни свесни за тоа. Славната маникирка Мишел Саундерс открива на кој начин бојата на лакот за нокти ја открива вашата личност.
Црвениот маникир е класика и никогаш не излегува од мода, а ако често ја бирате оваа боја, значи дека сакате елеганција и незадолжителен шик изглед.
Црн лак
Подеднакво оригинален и комплексен, црниот лак оддава впечаток на самоувереност. За амбициозните и способни девојки е апсолутен „маст хев“.
Неонски бои
Бидејќи неонските лакови се јаки и дречливи, девојките што ги носат, нема шанси да не бидат забележани. Ги носат отворените девојки склони на авантури.
Бел лак
Белиот лак го подмладува изгледот и го прави модерен. Ако често се решавате за оваа боја, значи дека сте многу тренди и кул.
Син лак
Варијациите на сина боја можат да се вклопат во разни стилови и дозволуваат експериментирање. Носењето син лак значи дека сте креативни и секогаш подготвени за нови предизвици.
Неутрален лак (кожа боја)
Лаковите во нијанси на кожа боја се идеални за секоја пригода, а оваа боја е одлична за ставање разни украси и апликации. Ваквиот маникир е лесен за одржување и не одзема многу време. Лицата што го носат не сакаат многу да се истакнуваат, но секогаш се средени.
Пастелна боја лакови
Нежните лакови со пастелна боја се избор на вистински романтични души, а ако често носите вакви лакови, значи дека сте смирени и сталожени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.