Американскиот актер Фред Томпсон почина на 73-годишна возраст, соопшти неговото семејство, додавајќи дека боледувал од лимфома.
Како правник и адвокат по професија, Томпсон се вклучи во американската политика преку Републиканската партија во времето на аферата „Вотергејт“ и истрагата против тогашниот претседател Ричард Никсон. Во сенатскиот комитет кој ја водеше истрагата, Томпсон беше раководител на правниот тим на Републиканската партија.
Подоцна, беше избран за сенатор и за член на американскиот Сенат остана до 2003 година.
Тој учествуваше и во трката за номинацијата на Републиканската партијата за претседателските избори во САД во 2008 година, но порано се повлече од изборниот процес откако не успеа да добие поголема поддршка меѓу републиканските гласачи.
За пошироката јавност, Томпсон е многу попознат само како актер, затоа што има настапувано во низа холивудски филмови, како и на телевизиски серии.
Во филмот „Мари“ од 1985 година, тој го толкуваше сопствениот лик во истрагата за аферата Вотергејт.
Американските филмски режисери потоа многу често го користеа за улоги како шеф на персоналот во Белата куќа, директор на ЦИА, адмирал, агент на ФБИ или сенатор, објаснувајќи го тоа со неговата појава и со карактеристичниот глас.
Во познатиот филм „Потргата по Црвениот октомври“, Фред Томпсон ја имаше улогата на американски адмирал, додека во „Умри машки“ го толкуваше ликот на Трудо.
Во гледаната и популарна ТВ-серија „Ред и закон“, Toмпсон беше окружен обвинител во Њујорк, лик многу близок до неговото образование.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст