| четврток, 6 декември 2018 |

Како се станува ангел на „Викторија сикрет“

277886239477834779_WiK3gIyV_c_large

Дали некогаш сте се запрашале како моделите, кои парадираат на ревиите на „Викторија сикрет“, ги одржуваат совршените фигури? Одговорот е едноставен, со вложување многу труд. Поранешниот професионален боксер, Мајкл Олаџиде, со години го промовира боксот како ефикасен начин за влез во топ форма.
00044409

Моделот Емануела де Паула, која од 2008 година парадира за „Викторија сикрет“, целосно се согласува со тоа. Таа сподели дека никогаш не сакала да има личен тренер, но откако се запознала со Олаџиде, се вљубува како во боксот, така и во идејата да тренира под раководство на професионалец.
Емануела де Паула
6j4a0134

Според Емануела, режимот на вежбање со Мајкл Олаџиде е исклучително предизвикувачки. На него тој ги подложува поголемиот дел од моделите на „Викторија сикрет“, собирајќи ги на куп во спортски камп во Мексико. Целта е една, извајани, силни и убави тела за најочекуваната годишна модна ревија во светот.
dscf2230

dscf2409

6j4a13371

Тренинзите се одржуваат четирипати на ден. Почнуваат во 6 часот наутро со воздушна јога. Во 9 часот имаат тренинг кој трае час и половина, а во него е застапено интензивно скокање со јаже, склекови, вежби со ластици и многу стомачни серии. Во 14 часот следат боксерски вежби, наречени „Аеробласт“. Последно, во 17 часот, тренираат уште 90 минути бокс на круша.
6j4a0185

dscf2429

6j4a1521

Самиот Олаџиде објаснува: „Предноста на боксот е дека го оптоварува секој дел од телото. Покрај тоа, тој ве ослободува од какви било тензии. Едноставно треба да влезете во воен режим и да започнете да вежбате, се добива нешто како хипноза, која ве зацврснува и ве ослободува од стресот.“
6j4a9487

6j4a2520

Друга манекенка, Медисон Хедрик, вели: „Овој распоред е најтешкиот кој сум го следела досега. Си отидов од кампот уморна, но неверојатно горда на себе. Најважно нешто што го сфатив е дека треба да си позитивен и силен психички.“
dscf2693

Кампот за моделите вклучува не само тешки вежби, туку и посебен режим на исхрана. Менито е целосно веганско и е приготвено од шеф Мигел Батиста. Тој не само што им готви на Ангелите, туку и ги научил на урамнотежени, здрави рецепти и итрини во кујната.

l1004814

dscf2772

dscf2739

gal-victorias-secret-34-jpg

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top