| четврток, 6 декември 2018 |

Тешко до работа во Црна Гора

работА

Црна Гора го ограничува вработувањето на странци. Стапи на сила Законот што ограничува вработување странци, чијашто примена беше одложена поради туристичката сезона.

Законот ѝ дава приоритет на домашната работна сила и дозволува работодавците да вработуваат странци само доколку во евиденцијата во Заводот за вработување нема соодветен кадар или доколку евидентираните одбиваат да работат.

Ова законско решение беше усвоено пред туристичката сезона во Црна Гора, но неговата примена беше одложена по бурните реакции на работодавците, кои сметаат дека системот не е подготвен за таква мерка.

Законот предвидува санкции за работодавците во случај да објават оглас за работа пред добивање потврдат од националниот Завод за вработување.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top