Од март в година списанието „Плејбој“, ќе им каже збогум на голите фотографии и жените на фотографиите ќе бидат во провокативни пози, но не и голи.
Поради ова, колекционерите на машкото списание ќе можат да добијат и многу поголеми суми, дел од нив поради нискиот тираж, други, пак, поради угледот на жените на насловните страници.
Погледнете кои се петте највредни броеви на списанието. Во случај да имате некои од нив, не двоумете се да ги пуштите за продажба во „е-бау“.
5. Памела Андерсон (август 1993)
Примерок од овој број во 2010 година беше проценет на 5.000 долари.
4. Хејди Монтаг (септември 2009 година)
Договорите за овој број, исто така, се склучуваат на износи повисоки од 5.000 долари.
3. Џери Зајнфелд и модели (ноември 1993 година)
Џери даде интервју за овој број на списанието. „Плејбој“ и не позираше без облека. Осумте девојки на насловната, сепак ја креваат цената на списанието на 7.000 до 9.000 долари.
2. Бо Дерек (март 1980 година)
Во 80-тите години на минатиот век Бо Дерек беше нешто слично на Меган Фокс пред 5 години или Хајди Клум во 90-тите. Оригинален примерок од ова списание беше продадено за повеќе од 12.000 долари.
1. Мерилин Монро (декември 1953 година)
Првиот број на списанието не е со кој било, туку со Мерилин Монро. Тиражот на овој број е само 70.000 парчиња, а ако сакате да го имате, ќе треба да платите меѓу 20.000 и 40.000 долари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.