| четврток, 6 декември 2018 |

Топол почеток на ноември – уживајте во сончевите есенски дни

pejsaz_esen_2015-21

Оваа работна недела очекуваме ведро време со минимална облачност во вторник, која ќе биде од рангот на висока облачност, што значи дека нема никаква теорија за какви било врнежи. Според Метеопро ќе има одреден пораст на утринската температура, но и понатаму вредностите на истата низ котлините ќе биде во границата од 0 до 5 Целзиусови степени, а на повисоките места и малку под нулата.

Дневниот темпераурен максимум е „друга приказна“. Тука веќе зборуваме за релативно толло време. По должината на Повардарието очекуваме вредности од околу 20 Целзиусови степени, а во гевгелискиот регион и околу 22 Целзиусови степени во наредните денови.

Во котлините од западниот регион максималната температура генерално ќе биде во границите од 15 до 17 Целзиусови степени.

Повеќе на Метеопро

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top