| четврток, 6 декември 2018 |

„Жртвувањето на пионите“ oд 19 ноември во домашните кина

Светското првенство во шах, одржано во Рејкјавик во 1972 година во кое учествувале Американецот Боби Фишер и Русинот, бранител на титулата, Борис Спаски, прераснало во бојно поле на Студената војна. Натпреварот уште наречен и „партија на векот“, привлекол повеќе внимание од кој било шаховски натпревар дотогаш. Филмската приказна со Тоби Мегваер и Лив Шрајбер пристигнува во кината во Македонија од 19 ноември.

Филмот „Жртвувањето на пионите“ ни покажува што се случувало зад сцената и ни дозволува да влеземе во психата на натпреварувачите. Советската школа за шах долго била на врвот и се сметало дека Спаски е непобедлив. Но, најмладиот шаховски првак, Фишер, со дваесет години го освоил американското првенство и постигнал најдобар резултат во историјата. Живеел за шахот, но неговата ексцентрична личност и контроверзните испади ја засенуваат неговата генијалност. Филмот го прикажува влошувањето на менталната состојба на Фишер во текот на летото 1972 г., кога неговата параноја и манија да ја одржи концентрацијата толку ги преминуваат границите што бара да ги тргнат сите камери бидејќи бучавата му го одвлекува вниманието.

Режисер на филмот е Едвард Звик, познат по филмовите „Легенда за есента“ и „Вљубениот Шекспир“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top