Во три здравствени установи во Србија денеска почнува тестирање на кубанската вакцина „климавакс ЕФГ“ (Climavax EFG) и одбирање пациенти со карцином на белите дробови кои ќе ја примат, јави „Танјуг“.
Кубанските вакцини пристигнале во Србија во петокот. Вакцините ќе бидат бесплатни. Лекот ќе се применува на пациенти кои имаат четврти стадиум од болеста за кои се прогнозира уште шест месеци живот.
Во Србија годишно од карцином на белите дробови заболуваат 6.000 луѓе, а кај илјада се утврдува четврта фаза од болеста.
Во следните 15-ина дена откако ќе мине периодот на тестирање, се очекува доаѓање на лекари од Куба, кои ќе ги следат пациентите и примената на вакцината.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.