Неколку населени места околу Битола, Могила и Новаци се пред излевање.
Долж реките Црна и Драгор каде по вчерашниот пороен дожд е зголемено нивото на водата во коритата што минуваат низ битолскиот дел на Пелагонија е поставен заштитен појас.
– Дождот престана да паѓа и тоа ја смирува состојбата на терен каде според првичните информации под вода се околу 300-400 хектари од битолско поле. Најкритична е ситуацијата кај селата Кравари и Егри и тие места се засилени со механизација и луѓе кои ги чистат затворените канали. Нивото на реката Драгор се смирува, додека нивото на Црна достигна 4,20 метри – изјавија од Дирекцијата за заштита и спасување.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.