| четврток, 6 декември 2018 |

Ефтов: Спиновите можат да ви направат политичка штета, но на власт ве носи и ве задржува само работа

Наравоучение, ако ја имате довербата на народот ќе заминете во пензија кога народот тоа ќе го посака. Спиновите можат да ви направат политичка штета, но на власт ве носи и ве задржува само работа. Се’ друго се приказни за мали деца, напиша на својот Фејсбук профил новинарот Васко Ефтов.

299886-vasko-eftov-sdsm-se-sprema-za-poraz

Ефтов коментирајќи ја убедливата победата на Реџеп Таип Ердоган на изборите во Турција, напиша дека и покрај сите обиди Ердоган да биде испратен во пензија, тој сепак победил.

-Таип Ердоган повторно победи во Турција. Што не направија да го испратат во пензија: афери, тепачки, напади за корупција, бомбашки напади, живеење во услови на перманентна политичка криза, испреплетување на интереси на САД, Русија, Израел…значи шведска маса: Од се’ по нешто. И пак победи. Наравоучение: ако ја имате довербата на народот ќе заминете во пензија кога народот тоа ќе го посака. Спиновите можат да ви направат политичка штета, да направат ( понекогаш и тоа само на краток рок ) “какао” во главите на гласачите, но на власт ве носи и ве задржува само работа. Се’ друго се приказни за мали деца, напиша Ефтов.

eftov-vasko500

Партијата на Правдата и развојот (АКП)  победи на изборите со 49,35 отсто освоени гласови, покажуваат резултатите по пребројување на сто отсто од гласачките ливчиња, јави турската телевизија НТВ.

АКП успеа да го врати парламентарното мнозинство и таа ќе има 316 места во 550-члениот Парламент. За главната опозициска Народнорепубликанска партија гласале 25,44 отсто од гласачите и таа ќе има 134 мандати во турскиот Меџлис.

Партијата на националистичко движење освои 11,97 отсто, а за прокурдската Демократска партија гласале 10,59 отсто, со што го мина десетпроцентиот изборен праг. Одѕивот на гласачите на денешните предвремени парламентарни избори изнесуваше 87 отсто.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top