Вработена е во протоколот на аеродромот “Александар Велики”, но и покрај многуте ангажмани таму Надица, сепак наоѓа време и активно е вклучена во сите активности поврзани со нејзината матична модна куќа “Моделс ин”.
-Посветена сум на оваа работа и ја работам со многу љубов. Затоа не ми паѓаат тешко кризите кои се неминовност во секоја професија, па и во мојата. Во тек сум со светските модни трендови и колку што можам гледам да им го пренесам тоа и на нашите модели и тоа ми претставува огромно задоволство. Модата, манекенството, се дел од мојот живот. Тоа е дел од мене- вели Надица, која е во брак е со менаџерот Иво Јанковски, а насмевката на нејзиното лице, која никогаш не ја трга, е доказ за нивната голема љубов.
-Со Иво се познававме многу долго пред да ни се случи љубовта. За него секогаш сум имала високо мислење како човек, професионалец и пријател. Во еден период нашите патишта на заемно задоволство се вкрстија, а останатото ви е веќе познато…Едноставно уживам во миговите поминати со него- додаде ексманекенката.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст