| четврток, 6 декември 2018 |

Во Шведска ќе може и без кеш?

Шведска претендира да биде првата земја на светот која своите граѓани ќе ги турне во еден “фасцинантен експеримент“ – исфрлање на хартиените пари.

Како прва во Европа, воведе банкноти во службена употреба, а сега Шведска е на пат да стане првата земја на светот, која од употреба ќе ги исфрли парите.

Одлуката на шведксите банки да забраат плаѓање со готовина, како и укинување на банкоматите во руралните региони предизвика огрочување кај граѓаните.

Како што пишуваат медиумите, наскоро оваа држава може целосно да забрани плаќање со готовина, бидејќи настојуваат да се плаќа само електронски.

Овие одредби предизвикуваат револт кај постарите Швеѓани, бидејќи тие се наклонети на банкоматите. Ги има и оние кои сметаат дека во случај на финансиска криза, нема да може да повлечат пари од банките, што значи дека мораат или да го трошат или да и го остават на банката на располагање.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top