Претседателот на Кина Сји Џинпинг изјави дека веројатно завршија деновите на ултрабрз раст на втората по големина светска економија, за кои многумина се надеваат дека ќе го поттикне глобалното заздравување.
-Не верувам дека ќе бидеме во состојба да го оддржиме ултрабрзиот економски раст, ниту пак тоа го посакуваме, рече Џинпинг на азискиот форум во Боао, што ги собра политичарите и деловните лидери, пренесоа француските медиуми.
-Можно е, сепак, да заддржиме релатавино висок темпо на економски раст. Кинеската економија е во добра состојба, наведе тој.
Откако почна да ја отвора својата економија, Кина во просек бележеше годишен економски раст од 9,9 отсто, што е темпо ретко видено во историјата на светскиот економски развој, рече Џинпинг.
Тој додаде дека факторите, како што се урбанизацијата, продолжувањето на индустријализацијата и модернизацијата на земјоделието, се причините за оптимизмот во врска со идната нагорена линија на економијата.
Кинеската економија минатата година забележа најбавен стопански раст во последните 13 години од 7,8 отсто, заради слабоста на домашниот и на клучните извозни пазари.
-Ќе го свртиме фокусот на економскиот раст врз квалитетот и ефикасноста, наведе кинескиот претседател.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.