Околу 130 бегалци од Сирија се пронајдени во камион-ладилник на бугарската граница кон Турција, соопшти бугарската полиција. Според министерството за внатрешни работи 38 мажи, 33 жени и 58 деца се најдени сокриени зад шишиња минерална вода на преминот Капетан Андреево и дека нивното здравје не предизвикува загриженост. Возачот на камионот е уапсен.
Бугарија како членка на ЕУ до сега ги избегна масовните бранови на мигранти и бегалци иако се граничи и со Грција и со Турција, додека од Турција во Грција дневно стигаат илјадници лица.
Сепак, бугарските власти стравуваат од зголемен број бегалци пред зимата, заради што полицијата денеска контролирала околу 6.000 возила и уапсила 16 осомничени за трговија со луѓе, како и 495 бегалци ширум земјата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.