| четврток, 6 декември 2018 |

1330 жртви во 20 авионесреќи последните 20 години

Историјата на руската авијација е подоста трагична, за дваесет години се случиле 20 несреќи во патнички летала на руски авиокомпании во кои загинале 1330 луѓе. Денешната несреќа е последна во низата, пишува британскиот Индепендент.

По растурањето на СССР се појавија десетици мали авиокомпании, а меѓу нив и Когалимавиа, која лета под брендот Метроџет, со централа во северен Сибир, авиокомпанија чиј што авион се сруши во Египет. Оваа компанија и претходно минала низ авионесреќа над Египет. На нова година 2011 авион и се запали уште додека бил на пписта, а во пожарот загинаа четворица.

Бројката од 1330 загинати во 20 тешки несреќи на патнички летови е визнемирувачка ако се земат предвид новините и напредувањата во безбедноста на авиосообраќајот насекаде во светот. Во Велика Британија, каде има многу поголем авиосообраќај од Русија, последната ваква несреќа се случила 1989 година.

2001 година авион на Сибир Ерлајнс летал од Тел Авив до Новосибирск, но експлодирал над Црното море. Загинале сите 76 патници.

2002 година 69 луѓе, од кои многу ученици, загинаа во судир на два авиони- вториот бил карго авион, над германско- швајцарската граница.

malaysia-airlines-flight-mh17По две години, два авиона кои полетале од аеродромот Домодедово во Москва, експлодираа во воздух скоро истовремено. Ова веројатно било дело на терористи, а загинаа 87 лица, додава Индепендент.

Поголемиот број од несреќите се случувале во најфаталниот дел од летот- полетувањето и слетувањето

Дел од експертите сметаат дека во Русија е посилна културата на истражување на несреќите во насока на обвинување , отколку во спречувањето на идни несреќи. Трагедии како денешната се релативно ретки иако во последните две години се случија серија несреќи.

Причината за исчеснувањето на МХ270 на Малезија Ерлајнс се уште е мистерија. Холандскиот одбор за сигурност неодамна заклучи дека другиот авион на истата компанија МХ17 кој падна во Украина бил погоден со ракета.

Минатиот декември ист тип на авион како тој што падна денеска, но на Ер Азија Ербас А320 се сруши во море кај Јава.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top