| четврток, 6 декември 2018 |

Фаталната љубов на Вики – Карло Загорац денес (ФОТО)

Viki-i-Karlo

Српскиот фризер Карло Загорац денес ретко кој би го препознал. На македонската јавност ова ексцентрично момче го запозна во 2009 година, кога во регионалниот „Голем брат“ за првпат имаше македонски претставници. Тоа беа сестрите-близначки Виолета и Кристина Ралеви.

Прва во шоуто влезе Вики, која истата ноќ пред камерите се препушти на страстите со 13 години постариот Карло.

Иако таа набргу беше исфрлена од шоуто, а на нејзиното место влезе Кики, со Карло ја продолжија врската и по завршувањето на шоуто.

Тие останаа уште една година заедно, а фризерот едно време среќата си ја побара и во Скопје, работејќи во познатото фризерско студио „Ин“.

Денес него често го гледаат по белградските ноќни клубови. Загорац се уште работи како фризер.

karlo2 karlo3 karlo4 karlo

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top