Младиот српски тим Мега лекс за кој настапува и македонскиот репрезентативец Предраг Самарџиски е најпријатното изненадување во АБА лигата оваа сезона.
Тимот на Пеџа има серија од пет победи, а синоќа настрада екипата на Сутјеска која беше поразена со 101-72. Самарџиски се врати во составот по два натпревари на кои отсуствуваше поради повреда и беше еден од најзаслужните во својот тим за новата победа. Тој успеа да реализира 14 поени и пет скока, а клучната разлика беше направена уште во првото полувреме кога Мега лекс поведе со 47-35.
Ивановиќ беше главна фигура на овој меч со 25 поени, 4 асистенции и 3 украдени топки за домашниот тим, додека најпрецизен кај Сутјеска беше Врањеш со 19 поени.
Самарџиски и соиграчите ќе имаат тешка задача да ја продолжат оваа одлична серија, со оглед на фактот дека во следното коло гостуваат во Загреб против евролигашот Цедевита.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.