Македонскиот пејач Даниел Кајмакоски во интервју за српски портал зборуваше и за неговите односи со неговиот ментор од „Икс-фактор“, српскиот композитор и пејач Жељко Јоксимовиќ.
– Мене ме купи уште на самиот старт, кога дојдов во Белград. Кога почнаа снимањата за Х Фактор, цела екипа беше сместена во лош хотел, каде немаше греење. Жељко за добредојде ми прати порака да праша дали се снајдов, јас му ја објаснив ситуацијата во која се наоѓам и дека сум болен. Тој одма прати возач и ме смести во хотел на своја сметка. Испадна вистински човек и тоа никогаш нема да му го заборавам. Сите совети кои ми ги даваше, ги впив, а најмногу од него научив дека треба да се борам за себе, бидејќи тоа никој нема да го направи за мене. Подоцна ме покани да гостувам на негов концерт во Скопје, пред 70 000 луѓе, а бев поканет и на неговата венчавка – изјави тој.
Пејачот неодамна доби „Ем-Ти-Ви бест адриа акт“, награда која за првпат оди во рацете на македонски изведувач.
По тој повод, но и многу повеќе, имате можност да прочитате во овој број на неделникот „Република“, кој беше пуштен во продажба вчера, 30 октомври.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.