Словачкиот премир Роберт Фицо во врска со продолжувањето на приливот на бегалци во Европа смета дека се зголемува ризикот за безбедноста, јави дописникот на МИА.
– Се појавуваат се повеќе и повеќе мигранти кои биле поврзани со различни терористички активности во Сирија или во други земји. Докажано е дека постои регрутирање меѓу мигрантите од претставници на Исламската држава (ИД), рече Фицо на церемонијата по повод испраќањето на единицата на словачки војници на вежба, организирана од Будимпешта, во врска со кризата на миграцијата.
Според Фицо, бегалската криза нема само хуманитарен карактер, туку треба да се гледа и како безбедносна криза. Тој додаде дека секој ден, во Европа доаѓаат од 10.000 до 11.000 мигранти, од кои повеќето очигледно доаѓаат во потрага по подобри економски услови.
Словачкиот премиер рече дека е важна заштитата на надворешните шенгенски граници и запирањето на илегалната миграција, бидејќи во спротивно ЕУ не ќе може да се справи со бегалската криза.
– Не може да се реагира на миграциската криза само со полициски сили, туку е неизбежна и соработката на вооружените сили, изјави Фицо.
Словачка одлучи да испрати 21 војник во езерото Балатон и заедно со колегите од Унгарија, Чешка и Полска, ќе учествува на специјалните вежби за подобрување на работењето.
Словачка, за разлика од некои други земји на ЕУ за време на актуелната бегалска криза, не се соочи со голем миграциски бран.
Братислава долго време ја отфрла долгорочната прераспределба на бегалци меѓу земјите-членки на ЕУ врз основа на задолжителни квоти и доброволно планира да им овозможи азил само на 200 сириски христијани.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Мигранти зеле дрва за огрев од затворено кафуле во Грција и оставиле 10 евра
-
Мексико ќе ги депортира мигрантите кои насилно се обиделе да влезат во САД
-
Мигрантите го пробија кордонот во БиХ и се упатија кон хрватската граница (видео)
-
Војници на АРМ стрелале во воздух на границата со Грција за да спречат нелегално минување на мигранти