Шпанецот Рафаел Надал успеа да се пласира во полуфиналето на турнирот во Базел откако синоќа во три сета го победи Марин Чилиќ од Хрватска со 2:1 во сетови.
Мечот лошо почна за Надал откако Чилиќ го доби првиот сет со 6:4, а следните два сета му припаднаа на Надал со 6:3 во гемови.
Надал во полуфиналето ќе игра против Ришар Гаске. Тој во четвртфиналето со 2:1 во сетови го победи Иво Карловиќ, а со истиот резултат Џек Сок беше подобар од Доналд Јанг.
Сок во второто полуфинале ќе игра со подобриот од последното четвртфинале што се игра вечерва меѓу Роже Федерер и Давид Гофин.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.