| четврток, 6 декември 2018 |

Свети Лука, празнуван само од жените

Денеска во православниот календар се чествува денот на Светиот апостол и евангелист Лука.

Именден празнуваа оние кои го носат неговото име.

Лука бил лекар и зограф. Како добар живописец ја насликал Богородица со малиот Исус, а подоцна и светите апостоли Петар и Павле и овие икони се сметаат за први рачно изработени икони.

Меѓу народот се смета за лесен празник што го празнувале само жените. По овој празник селаните започнувале да ја садат раната сорта лук.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top