| четврток, 6 декември 2018 |

По стапките на Ким Кардашијан: Лепа Брена користи морбидна метода за да се помлади (фото)

Лепа Брена решила повеќе да не користи ботокс и лифтинг на лицето бидејќи како што изјавила тоа се праисториски и застарени методи за разубавување и подмладување на лицето.

79674_1lepa brena

Затоа Брена решила да го проба третманот со сопствената крв кој прва на себе јавно го стори Ким Кардашијан.

hitportal-kim4

Имено, тој третман се прави со сопствената крв на клиентот. Крвта се извлекува од вена, потоа се  обработува со посебни филтри и се извлекуваат посебни крвни плазми кои со игла потоа се инјектираат во лице. Со само тоа се поттикнуваат ќелиите самите да се регенерираат, се пополнуваат борите и порите, а се добива нова мазна кожа каква што имаат луѓе на 25 години.

Третманот е многу болен и остава модринки на лицето неколку дена откако ќе се направи, а по неколку недели се гледаат првите резултати. Лицето станува свежо, еластично, помладо и поубаво, а Брена посакала овој третман да го направи уште два пати колку што е и дозволено во една година да се прави.

79674_brena-2015

11063756_10153087122652343_5840813114525273713_n

11949284_10152991244707343_6622790092285461107_n

brena 4

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top