Белата куќа денеска соопшти дека распоредувањето на мал број американски специјални сили во Сирија не претставува промена на стратегијата на САД.
– Нашата стратегија не се променила, изјави портпаролот на Белата куќа Џош Ернест.
Тој ги отфрли обвиненијата дека американскиот претседател Барак Обама не го исполнил ветувањето во Сирија да не испраќа копнени сили.
– Тие силите немаат борбена мисија, наведе Ернест.
Обама претходно одобри распоредување на специјални сили на САД во Сирија. Во северниот дел на Сирија ќе бидат распоредени „помалку од 50“ војници за специјални операции, кои „би требало да помогнат во кординирањето на локалните сили на терен“ во борбата против Исламска држава. Во рамките на зајакнување на операциите во Сирија, САД во воената база Инџирлик, Турција ќе испрати одреден број на авиони А-10 и Ф-15.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.