Американскиот претседател Барак Обама издал наредба во базата „Инџирлик“ во Турција да бидат испратени дополнителен број авиони на Военото воздухопловство на САД, соопшти неименуван извор од Белата куќа.Како што јавија американските медиуми, станува збор за авиони од типот Ф-16 и А-10.
Ваквата најави од Вашингтон уследи откако неименуван американски претставник соопшти дека САД во северна Сирија ќе испратат 20 до 30 воени советници од специјалните сили, кои и ќе им помагаат на умерените сириски бунтовници и курдските сили во борбата против групата Исламска држава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.