| четврток, 6 декември 2018 |

Што лекува дуњата?

Дуњата, есенско овошје, претставува вистинска витаминска бомба. Освен минималната количина на калории, богата е со протеини, јагленихидрати, диетални влакна, а содржи и многу танин и пектин.

dzunji

Од витамини најмногу содржи витамин Ц, но во голема количина содржи и каротен (провитамин А), витамини Б1 и Б2, како и нијацин. Богата е со бакар, калиум, калциум, магнезиум, натриум, железо, сулфур, хлор.

Семките од дуња содржат дури 15 отсто масло и големи количини од важниот амигдалин, односно витамин Б17 кој има антиканцерогено дејство. Семките се богати и со масти, танини, пектин, шеќери, јаболкова киселина, емулзин и протидом.

Лековити се и плодовите и листовите и семето, а посебно сокот и сирупот. Благодарение на танинот и слузта поволно влијае врз работата на цревата и спречува инфективни болести.

Сокот од дуња ако се свари со иста количина шеќер, лекува кашлица, астма и акутна дијареа.

Печена или варена дуња се препорачува при воспаление на желудечна и цревна слузокожа, но и за лекување на анемија.

Чај од цветови од дуња помага во смирување на кашлица, а чајот од семки делува смирувачки, помага при инсомнија, и го неутрализира лошиот здив.

Дуњите се одлична комбинација со печено месо, пилешко, паткино, јунешко и месо од дивеч. Французите со векови прават „сирење“ од дуњи кое се приготвува така што 2 килограми дуња се вари со кора додека целосно да омекне.

Кога ќе се изладат, дуњите се сечат на парчиња и се пасираат. Добиената маса се мери, па се додава одговарачка количина на шеќер (на 1 ½ кг пире од дуња се додава 1 кг шеќер). Сето повторно се готви на тивок оган околу 45 минути со постојано мешање. Веднаш по готвењето, сирењето од дуња се претура во одговарачка тепсија, плиток стаклен сад или во помали чинии.

Кога ќе излади, десертот треба да се исече на коцки, извалка во шеќер, па да се стави на темно и суво место да отстои.

Ова „сирење“ е силен извор на енергија, а може да се консумира и како лек за подобрување на дигестијата. Не се препорачува единствено за дијабетичари и луѓе со вишок килограми.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top