Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека народот во Европа почнал „да се буди“ и да сфаќа дека прашањето за емиграциите е културолошко и оти „нашиот идентитет е доведен во прашање“.
Орбан рече дека по прашањето за емигрантите не може да се очекува решение од Брисел и дека државите од ЕУ морa да го решаваат одделно, како што направила Унгарија.
Тој смета дека плановите на ЕУ за системот на квоти за распределба на имигранти „еволуирале во уште поголема опасност“, бидејќи системот за дистрибуција сега е планиран да стане постојан механизам.
– Тоа во целост го одбиваме, рече Орбан и додаде дека членството во ЕУ не значи дека некој може за прием на имигранти да одлучува против волјата на Унгарија – рече тој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Мигранти зеле дрва за огрев од затворено кафуле во Грција и оставиле 10 евра
-
Мексико ќе ги депортира мигрантите кои насилно се обиделе да влезат во САД
-
Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер
-
Мигрантите го пробија кордонот во БиХ и се упатија кон хрватската граница (видео)


