Дејвид Бекам се претоври во акциски херој во новата кампања за долна облека на познатата марка „Ејџ анд Ем“. Видеото за новата кампања го снимаше Гај Ричи. Во видето англискиот фудбалер и модната икона Бекам, трча по улиците на Беверли Хилс облечен само во боксерки и влечки.
– Дејвид беше одличен. За мене, тоа не беше снимање на кампања, тоа беше како да режирам краток филм – изјави Ричи.
Видеото треба да биде премиерно прикажано на 6 февруари, за кога е закажана промоцијата на новата колекција на долна облека, токму навреме пред празникот на вљубените – Свети Валентин.
– Да се работи со Гај е одлично искуство. Се надевам дека сите се забавуваа додека го правевме ова кратко видео – изјави Бекам.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст