| четврток, 6 декември 2018 |

Калдрма матине во Старата скопска чаршија

Сокак на уметноста (сликарски атељеа, изложби на отворено и продажни салони) и Сокак на високата мода (дуќани на брендирани модни новитети и ревии на култни места во Скопската чаршија) се две иницијативи кои ќе бидат покренати на манифестацијата Калдрма матине, што во сабота во 11 часот ќе се одржи во Сули Ан во Скопје.

Оваа спецјализирана дебата е продолжение на проектот од минатата година – Калдрмите се живот, како иницијатива за (ре)брендирање на старите урбани јадра.

Ќе бидат организирани модна ревија на отворено и изложба на дела од познати македонски сликари, од кои некои и на лице место ќе ги исцртуваат своите платна. Познатиот драмски гуру Бајруш Мјаку ќе изведе монолог од Сократовата одбрана.

Потребата да се поврзат старите чаршии во регионот, како европски проект, ја поттикнаа  врвни творечки имиња од Македонија, во организација на Македонско-бугарската стопанска комора (МБСК)  градоначалникот на општина Чаир Изет Меџити со поддршка на Министерство за економија и министерот  Беким Незири .

Годинава се очекува да се потпише и Mеморандум за соработка помеѓу неколку општини и регионални асоцијации од Бугарија, Косово и Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top