| четврток, 6 декември 2018 |

Операта „Танхојзер“ в сабота во живо директно од сцената на МЕТ

Оваа сабота, на 31 октомври на платното во „Синеплекс“ ќе биде прикажана операта „Танхојзер“ на Вагнер.

Џејмс Ливајн диригира со Вагнеровата опера која за последен пат во Метрополитен беше изведена пред повеќе од една деценија, во продукција на Ото Шенк во далечната 1977година.

Јохан Бота за прв патво Мет ја пее насловната улога во поставката која го вклучува и Питер Матеи како Волфрам, негово второ како „вагнеровец“ во продукција на Мет; Гунтер Гроисбок ќе ни ја претстави улогата на Ландграф; Ева – Марија Вестбрук како Елизабета и Мишел ДеЈонг во улога на Венера, двете ривалки во борба за Танхојзеровата љубов.

Десетата сезона на Мет: во живо во HD уште еднаш ќе понуди разновидност на оперски стилови за глобалната кино публика, вклучувајќи и пет дела кои се пренесени како дел од серијалот за прв пат: „Танхојзер“ на Вагнер, „Лулу“ на Берг, „Ловци на бисери“ на Бизе, „Роберто Деверо“ на Доницети и „Електра“ на Штраус. Овие дела ќе бидат споени од извонредните изведби на петте фаворити од репертоарот: „Трубадур“ и „Отело“ на Верди, како и „Турандот, „Манон Леско“ и „Мадам Батерфлај“ на Пучини.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top