| четврток, 6 декември 2018 |

Победи слават двајцата претседателски кандидати во Црна Гора

 Двајцата претседателски кандидати во Црна Гора вчера прогласија победи. Кој е во право ќе пресече Државната изборна комисија, која нема да излезе со резултати додека не ги обработи сите избирачки ливчиња.

Црногорските медиуми пишуваат дека вчерашните избори биле во знакот на бројот два. Тоа беа втори по ред претседателски избори од прогласувањето независност, се кандидираа двајца кандидати и на крајот двајцата прогласија победи што ја збуни црногорската јавност.

Владејачката Демократска партија на социјалистите тврди дека нејзиниот кандидат освоил 51,3 процент од гласовите, а противкандидатот Миодраг Лекиќ 48,7 проценти.

Демократскиот фронт, пак, тврди дека заедничкиот кандидат на опозицијата Миодраг Лекиќ освоил 50,5 проценти од гласовите, а кандидатот на владејачката партија 49,5 проценти.

По објавувањето на победите, симпатизерите на двете страни излегле на улиците да прославуваат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top