Прва мисла, кога ќе се изговори зборот бабушка, на сите име Русија, бидејќи ова е најпознатиот сувенир веќе со години. Дрвената кукла која се состои од уште неколку кукли претставува мајка, а не баба, па затоа матрјошка е поправилниот израз.
Тие се симпатични и шармантни, направени од дрво, со убави очи и црвени образи, а се и неизоставен дел на руската култура и се смета дека носат среќа во домот.
Меѓутоа, зошто постојат само кукли на кои се насликани мајки? Каде е куклите со лик на мажите, односно татковците – дедушките?
Никаде не постои причина поради што женските кукли се популарни и зошто ги има повеќе во однос на машките. Секако, тоа што е најважно, потполно е легитимно да се наслика и татко, брат, дедо и таквите да ги продавате, меѓутоа, купувачите секогаш се повеќе биле заинтересирани за бабушките, па тие достигнале голема популарност.
Традиционално на куклите се сликаат жените и мажите во разнобојни носии, но нивните места може да ги заземат и ликови од народните бајки, па дури и современи политичари. Овие кукли се направени по пример на една јапонска играчка, која се состои од повеќе делови, а се смета дека носи благосостојба во семејството.
Инаку, коренот на руските матрјошки потекнуваат од 19 век, односно од 1890 година, а прв пат во 1900 година биле прикажани на Светска изложба во Париз.
Креаторите на оваа невообичаена кукла се Василије Звјоздочкин и Сергеј Маљутин.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.