Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, придружуван од сопругата Маја Иванова, од денеска ќе престојува во посета на Ватикан и на Италија.
Иванов, како што соопшти неговиот Кабинет, утре ќе има аудиенција кај поглаварот на Римокатоличката црква, неговата светост папата Франциск и ќе оствари средба со државниот секретар на Светиот Престол, кардиналот Пјетро Паролин.
Во рамки на посетата на Ватикан, сопругата на македонскиот претседател ќе ја посети детската болница „Бамбино џезу“, која остварува соработка со Клиниката за детски болести од Скопје.
При посетата на Италијанската Република, претседателот Иванов, ќе оствари средба со италијанскиот претседател, Серџо Матарела.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Кабинет на Иванов: Претседателот ќе се обрати пред Парламентот!
-
Иванов: Албанскиот јазик е важен дел од македонското мултиетничко и мултијазично општество
-
Иванов го честиташе 11 Октомври: Достојно и гордо да го чуваме ова парче земја бидејќи тоа е сè што имаме
-
Иванов во Њу Џерси: Конечната одговорност е на македонските граѓани