| четврток, 6 декември 2018 |

Северна Кореја подготвува нов нуклеарен тест

Северна Кореја се подготвува да изведе нова нуклеарна проба, соопшти Јужна Кореја повикувајќи се на разузнавачки извештаи за зголемена активност на Пјонгјанг на неговиот главен нуклеарен полигон.

–  Се обидуваме да дознаеме дали станува збор за реална подготовка за нуклеарен тест или станува збор за трик поради поголем притисок врз нас и САД – пишува јужнокорејскиот весник ЏонгАнг Илбо, цитирајќи неименуван извор на Јужна Кореја.

Информацијата ја потврдил и министерот од владата на прашање на пратениците од парламентот.

Лидерот на Северна Кореја, Ким Јонг Ун, минатата недела даде одобрување за нуклеарен напад.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top