Соединетите Американски Држави објавија дека ги укинуваат санкциите кон Белорусија како знак на признание за ослободувањето на политичките затвореници.
– Во координација со Европската унија, САД ги ублажија санкциите против девет белоруски компании со оглед на позитивниот потег на владата која на 22 октомври ослободи шест политички затвореници, изјавил портпаролот на Стејт Департментот Џон Кирби.
Тој ја повикал белоруската влада на понатамошни потези кои дополнително би ја подобриле состојбата во смисла на човекови права и демократија.
Европската унија објави во саботата дека ги суспендира санкциите против Белорусија на четири месец, вклучувајќи ги и оние воведени против претседателот Александар Лукашенко.
Со тоа унијата го исполнила ветувањето дека ќе го награди отворањето на земјата кон Европа.
Укинувањето на санкциите се однесува на 170 граѓани на Белорусија, вклучувајќи го и претседаетлот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.