| четврток, 6 декември 2018 |

Околу 58 милиони деца во светот не одат во училиште

Бокова нагласи дека во денешно време дошло до голема промена во сфаќањата за прашањата поврзани со образованието, науката и културата и нивната улога во општественото живеење

Како последица на сиромаштијата, околу 58 милиони деца во глобални рамки не се вклучени во процесите на образование, изјави генералниот директор на Организацијата на ОН за образование, наука и култура (УНЕСКО), Ирина Бокова.

– Повеќе од 30 милиони од овие деца се од реоните на конфликт, што е доказ дека во денешно време образованието е императива на мирот и безбедноста, а не само морална обврска, истакна Бокова во обраќањето на трибината „Размилсувања за социјалната инклузија: Стари проблеми во нова форма или нови проблеми во стара форма“ што започна вечерва на Софискиот универзитет „Св. Климет Охридски“.

Бокова нагласи дека во денешно време дошло до голема промена во сфаќањата за прашањата поврзани со образованието, науката и културата и нивната улога во општественото живеење. ­

– До 2000 година се сметаше дека е невозножно да се постигне универзално основно образование и сеопшта писменост, но денес се повеќе постои свест дека без остварување на тие цели нема да биде можно ни искоренување на сиромаштијата, ниту постигнување на социјална инклузија – посочи Бокова.

Како што јави БТА, Бокова нагласи дека образованеието е еден од најуспешните модели на социјалната мобилност, посочувајќи дека во некои делови на светот и натаму има забрана за девојчињата да одат во училиште. ­ Со образованито се поврзани и прашањата на науката и новите технологии, кои даваат неверојатни можности за социјала инклузија, но дигиталниот јаз може и да ја продлабочи нееднаквоста, потенцира Бокова во обраќањето.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top