| четврток, 6 декември 2018 |

Коце Трајановски честеше торта за победата, првото парче за лидерот Никола Груевски

 

Фото: Нова Македонија

Старо-новиот градоначалник на Град Скопје, Коце Трајановски, пресече победничка торта, а првото парче го доби партискиот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.

Трајановски доцна синоќа прогласи победа на локалните избори врз основа на неофицијални и нецелосно обработени податоци. Според обработени 88 проценти од избирачките места во Скопје, актуелниот градоначалник има 99.000 гласа, наспроти неговиот противкандидат Јани Макрадули од „Сојузот за иднината“, кој доби 59.000 гласа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top