Општина Кисела Вода ги повикува сите жители од овој дел на градот кои за затоплување на своите објекти користат тврдо гориво, да ги исчистат оџаците и со ова превентивно делување да спречат потенцијални пожари.
Воедно, редовното чистење и одржување на оџаците допринесува во намалување на емисијата на штетни гасови, како и намалување на потрошувачка на енергија, што значи заштеда на енергетско гориво и заштита на човековата околина.
Чистењето на оџаците е задолжително и согласно Правилникот за исправна состојба на оџаците, домаќинствата се обврзани да ги одржуваат оџаците два пати низ зимскиот период и еднаш, надвор од сезоната.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


