Седум деца се меѓу десетте најнови жртви меѓу бегалците кои се удавија по бродолом во средата навечер во Егејското Море во водите меѓу Турција и Грција.
Доцна ноќта од водите беа извлечени телата на уште тројца давеници, две деца и една жена, пред островчето Агатонисиос во Егејското Море, по речиси целодневната потрага.
Големата операција на потрага и спасување е продолжена во водите околу островот Лезбос, каде што се спасени околу 240 луѓе, многу од нив премрзнати, по бродоломот на дрвен чун со непознат број имигранти на него.
Со најновите трагедии бројот на досега пронајдените мртви бегалци и имигранти во грчките територијални води од 1-ви октомври се зголеми на 39, според податоците на грчката пристанишна полиција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст