| четврток, 6 декември 2018 |

Србија: За една година 1.000 лекари заминле на работа во странство

Оваа година потврда за заминување на работа во странство од Лекарската комора на Србија побарале илјада лекари, јави „Танјуг“.

– Бројот на лекари кои бараат таква потврда е илјада, и е ист како и лани. За споредба, во 2012 година таква потврда побарале само 214 лекари – изјави Весна Јовановиќ, шеф на Лекарската комора на Србија.

Според неа, специјалистите заминуваат поради лоши материјални услови, а младите лекари поради „безнадежност дека ќе се вработат“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top