Пет мали електроцентрали реката Бошава во Кавадарци, изградени со комплетна реконструкција на постојниот канал од хидросистемот, со јавно приватно партнерство, денеска беа пуштени во употреба.
Заменик-министерот за земјоделство Ванчо Костадиновски нагласи дека овој проект е пример како треба да функционира едно јавно приватно партнерство и најави дека Владата и во иднина ќе продолжи со вакви проекти.
Придонесот на Владата, додаде, е во обезбедување на квалитетно европско законодавство за јавното приватно партнерство, како начин преку кој се реализираше овој проект. Прецизира дека освен електрична енергија со проектот се добиваат и дополнителни количини на вода за пиење и наводнување.
– Во 1957 година бил изграден канал со должина од 26 километри и требало да поминат 60 години за Владата да донесе регулатива и Колектор од Словенија да инвестира 20 милиони евра во реконструкција на каналот Бошава – рече Костадиновски во изјава за медиумите.
Тој додаде дека од големо значење е што се добива електрична енергија од обновливи извори на енергија.
– Со буџетски средства од 200 милиони евра ќе учествуваме во изградба на нови водостопански објекти, но и во реконструкција на постојни објекти во водостопанската инфраструктура бидејќи тоа е од огромно значење за земјоделството, за повисоки приноси и конкурентно производство- рече Костадиновски.
Претседателот на Управата на словенечки „Колектор“ Радован Болко нагласи дека како резултат на успешниот проект има нови работни места. Посака и други проекти од заеднички интерес.
Државниот секретар во словенечкото Министерство за економија Клемен Потисе кажа дека проектот е пример и резултат на добра соработка, а без соработка и поддршката од македонската Влада, нагласи, овој проект немало да постои.
Директорот на водостопанство „Тиквеш“ Љубе Димов посочи дека со изградбата на малите електроцентрали ќе се реши и проблемот со вода за пиење во општините Кавадарци и Росоман.
– Водостопанство „Тиквеш” преку јавно приватно партнерство со словенечкиот партнер, приватната фирма „Турбоинштитут“, потпишаа договор за јавно приватно партнерство за реконструкција на хидросистемот „Бошава“ и изградба на пет мали централи со максимална инсталирана моќност од 11 мегавати, како и доведување на нова количина на вода за пиење за градот Кавадарци. Со овие нови количини на вода, трајно ќе се реши прашањето со вода за пиење во наредните 30 години за Кавадарци и Росоман- објасни Димов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст