Историја, мит и инвентивност се основните елементи зад операта „Танхојзер“, при креирањето на единствената и моќна драма. Директно од сцената на Метрополитен оваа сабота на 31 октомври ни пристигнува преносот на Вагнеровата легендарна опера.
Џејмс Ливајн диригира со Вагнеровата опера која за последен пат во Метрополитен беше изведена пред повеќе од една деценија, во продукција на Ото Шенк во далечната 1977. Јохан Бота за прв пат во Мет ја пее насловната улога во поставката која го вклучува и Питер Матеи како Волфрам, негово второ како „вагнеровец“ во продукција на Мет; Гунтер Гроисбок ќе ни ја претстави улогата на Ландграф; Ева – Марија Вестбрук како Елизабета и Мишел ДеЈонг во улога на Венера, двете ривалки во борба за Танхојзеровата љубов.
Десетата сезона на Мет: во живо во HD уште еднаш ќе понуди разновидност на оперски стилови за глобалната кино публика, вклучувајќи и пет дела кои се пренесени како дел од серијалот за прв пат: „Танхојзер“ на Вагнер, „Лулу“ на Берг, „Ловци на бисери“ на Бизе, „Роберто Деверо“ на Доницети и „Електра“ на Штраус. Овие дела ќе бидат споени од извонредните изведби на петте фаворити од репертоарот: „Трубадур“ и „Отело“ на Верди, како и „Турандот, „Манон Леско“ и „Мадам Батерфлај“ на Пучини.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст