Марија Шерифовиќ сакала да им посака „Добро утро“ на нејзините обожаватели. Меѓутоа, тоа што сите го забележале е начинот на кој пејачката тоа го сторила.
Имено, Марија на нејзиниот профил на Твитер им посака на сите добро утро со песната „Сама и нервозна“ и се ќе беше во ред доколку тоа не го стореше во еден час попладне.
На некои не им пречеше животниот ритам на Марија но имаше и голем број на оние кои се изнервирале.
-Јас сум на работа од 8 часот, а не госпоѓицата сега и е утро. Ех судбино за некого си мајка за другиот си маќеа“, е само еден од огорчените коментари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.